Репрезентација
Тодоров избра 12 играчи откако сите беа негативни на Ковид тестирањето
Здравствената комисија при кошаркарската Федерација на Македонија денеска излезе со добра вест за нашата селекција, потврдувајќи дека сите тестови кои биле направени над играчите и луѓето од стручниот штаб се негативни.
Ковид тестовите беа задолжителни за сите членови и одлична вест е што нема ниту еден позитивен тест, па селекторот Александар Тодоров можеше комотно да ги бира играчите со кои ќе ги започне тренинзите и кои ќе бидат дел од квалификацискиот турнир во Талин.
Откако претходно откажаа Ѓуроски и Николовски, денеска недостапни станаа и Андреј Андоновски поради повреда и Јетмир Зекири поради лични причини, па Тодоров се одлучи за следните 12 кои вечерва ќе треба да се појават на првиот тренинг.
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (Кожув)
Андреј Митревски (ТФТ)
Дамјан Робев (Куманово)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)
-
Шпанијапред 20 часа
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
АТПпред 22 часа
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!
-
Светпред 21 час
Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
-
Италијапред 21 час
Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)
-
Светпред 24 часа
Некои работи не се менуваат: Откачениот Диего Коста физички нападна тинејџер од противничкиот тим (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Анчелоти со коментар за настапот на Мбапе: Најдобар натпревар досега