Македонија
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)

Еурофарм Пелистер си ја обезбеди титулата во домашното првенство со победата која ја оствари над Вардар во „Боро Чурлевски“, но откако и математички го обезбеди трофејот, сега дојде денот за големото славје.
Тиквеш денеска пристигна во Битола само за да биде дел од ревијата на домашниот тим, а со својот џентлменски потег дури и го разубаве чинот кај домаќините, бидејќи новите шампиони беа пречекани од ривалите со победнички шпалир.
Играчите од Кавадарци покажаа класа со потегот пред натпреварот, но потоа не беа дораснат ривал за апсолутниот фаворит и претрпеа тежок пораз на гостувањето.
Еурофарм Пелистер славеше со 35:26 и на најдобар можен начин ја прослави освоената титула, а по крајот на мечот, беше подигнат трофејот кој долго се чекаше во Битола.
После точно 18 години, играчите на Еурофарм Пелистер го вратија трофејот од македонското првенство во Битола, па со ова се стави крај на доминацијата на Вардар кој оваа сезона потфрли во најважните моменти.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата