АТП
Тенисот е во сигурни раце: Неверојатниот поен на Синер и Алкарас ги воодушеви фановите (Видео)

Јаник Синер му се реваншираше на Карлос Алкарас и му зададе двоен удар во Мајами, бидејќи го остави без финале, но и без првото место на АТП листата.
Италијанецот и Шпанецот ја имаа шестата меѓусебна пресметка и веќе во претходните дуели најавија дека гледаме дуели кои во иднина ќе бидат вистински спектакл за тениските фанови, бидејќи очекувањата се тие да доминираат во светскиот тенис по ерата на Федерер, Надал и Ѓоковиќ.
Двајцата го покажаа тоа во повеќе наврати, а поенот кој го режираа на утринското полуфинале во Мајами е само доказ за потенцијалот кој го поседуваат двајцата.
Алкарас ја доби претходната битка на Индијан Велс кога стигна до титулата, но Синер утрово беше подобар со пресврт и победи благодарение на поени како овој во продолжение.
Италијанецот славеше со 2:1 и израмни на 3:3 во меѓусебните пресметки, но и покрај ривалството кое расте, двајцата покажуваат дека навистина се почитуваат. Алкарас му посака среќа на Синер за финалето и му порача дека ќе навива за него против Медведев.
OUT.
OF.
THIS.
WORLD.🤯 @janniksin @carlosalcaraz #MiamiOpen pic.twitter.com/YjwASznMS5
— Tennis TV (@TennisTV) March 31, 2023
Beautiful sportsmanship.
Jannik Sinner is apologizing to Carlos for his cramps
Alcaraz: “Go for it. Go for it man. I’ll cheer for you”
This is not a rivalry. It’s a beautiful duel that we will get to watch over & over again
This is friendship 🇪🇸❤️🇮🇹
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) April 1, 2023
-
Светпред 22 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 24 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Италијапред 9 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Лига на шампионипред 21 час
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)