Поврзете се со нас

АТП

Тениска „бомба“: Ѓоковиќ откри дека ја прекинал соработката со Иванишевиќ! (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/goranivanisevicofficial

Новак Ѓоковиќ има лош старт на 2024-та година и не е карактеристично за него да влезе без освоена титула во месец април, а разочарувачкиот резултат на Индијан Велс очигледно беше причина за радикална промена во неговиот тим.

Светскиот рекет број еден ова утро испорача „бомба“ и соопшти дека ја прекинал соработката со Горан Иванишевиќ, човекот со кој оствари голем број успеси во изминатите пет години.

Легендарниот Хрват му се приклучи на Ноле во 2019-та година и оттогаш освоија девет грен слем титули, но заедно пребродија и многу тешки моменти како дисквалификацијата на Ју-Ес Опен и депортацијата од Австралија.

– Добро се сеќавам на моментот кога го викнав Горан да биде дел од мојот тим. Тоа беше уште во 2018-та година, јас и Марјан Вајда баравме иновации и некоја магија за сервисот. Не само што донесовме подобар сервис, донесовме и многу смеа, забава, број еден на крај од годината, урнати рекорди, грен слем титули и неколку финалиња.

– Дали ја споменав и драмата која ја имавме? Јас и Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Хемијата на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше цврсто како карпа. Всушност, горд сум (не знам дали е и тој) што покрај освоените турнири, имавме и битки во „не лути се човече“. Тој турнир за нас никогаш нема да заврши, – порача Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни