Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг нема да има милост, на шест играчи на Манчестер Јунајтед ќе им ја „покаже вратата“

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг дал дознаење до управата на клубот дека нема да има милос кон ниту еден играч и им предложил кои фудбалери ќе имаат одврзани раце да си бараат нови клубови следното лето.

Манчестер Јунајтед според многумина се движи во вистинска насока под водство на Тен Хаг, а Холанѓанецот за уште поуспешен клуб побарал неколку нови засилувања следното лето.

Освен засилувања, од клубот сигурно ќе има и заминувања, а играчи кои дефинитивно се блиску до заминување од „Олд Трафорд“ според англиските медиуми се Дин Хeндерсон, Хари Мегваер, Ерик Баи, Брендон Вилијамс, Алекс Телес и Ентони Марсијал.

Факундо Пелистри и Ентони Еланга исто така би заминале од „Олд Трафорд“, но само како позајмени фудбалери, а во клубот би се вратил Амад Дијало кој игра сосема солидна сезона во дресот на Сандерленд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни