Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг го посочи недостатокот кој непријатно го изненадил на дербито против Сити

Објавено

на

Ерик Тен Хаг беше вратен во реалноста по четирите победи во низа на Манчестер Јунајтед, бидејќи горчината на поразот ја почувствува на најлош и најболен можен начин во големото градско дерби.

Манчестер Сити беше брутален и немилосрден и даде шест гола во мрежата на Де Хеа, а Јунајтед успеа да се избори за подостоен пораз дури откако домаќинот се опушти во самата завршница.

Резултатот 6:3 најдобро ја отсликува разликата во квалитет која беше покажаната вчера на теренот, што го натера Тен Хаг да даде една разочарувачка изјава за она што најнепријатно го изненадило на дербито.

– Недостатокот на верба во победа е она што навистина ме изненади. Навистина сум изненаден зошто игравме без верба на теренот уште од самиот старт на мечот.

– За жал, на овој дерби меч видов поразличен тим од оној кој го гледавме изминатиот месец. Како да немаше верба во тоа што се прави уште од првата минута, не бевме храбри и ова се работите за кои ќе зборувам со играчите. Мора да дознаам што се случи и зошто играат така. Видовме дека можеме да бидеме агресивни и да играме со самодоверба на натпреварите со Арсенал и Ливерпул, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни