НБА
Тејтум ја доби лудата битка со Адетокумбо, Милвоки и Бостон ќе играат мајсторка за пласман во конференциското финале (ВИДЕО)

Составот на Бостон Селтик уште еднаш покажа карактер, знаење, упорност, издржливост, цврстина и издвојува победа на гостувањето кај Милвоки Бакс од 108-95, победа со која издејствува мајсторка за пласман во конференциското финале на Истокот.
„Келтите“ не се откажаа и по вторпат во оваа серија го добија шампионот на негов терен, а тоа значи дека ја вратија предноста на домашниот паркет каде во „Ти-Ди Гарден“ ќе имаат можност да дојдат до триумф кој ќе ги одведе на мегдан со Мајами Хит.
Неверојатна партија одигра Тејтум со 46 поени, 9 скока и 4 асистенции, одличен придонес имаше дуото Смарт-Браун кое искомбинира 43 кошеви.
На спротивната страна неа беа доволни ниту 44 поени, 20 скокови и 6 асистенции од Адетокумбо.
Кошаркарите пак на Голден Стејт Вориорс дојдоа до четвртиот „бод“ во дуелот против Мемфис Гризлис и го грабнаа билетот за финалето на Западот (4-2). „Воините“ славеа во Сан Франциско со 110-96 во средба во која во фокусот беа браќата Сплеш со вкупно 59 кошеви.
Прв стрелец кај Гризлис беше Брукс со 30 поени.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 23 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 21 час
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место
-
АТПпред 21 час
Фаворитот од втор ред за триумф на Вимблдон се повлече пред да излезе на терен: Многу сум разочаран