Поврзете се со нас

Македонија

ТЦР Европа: Давидовски се зацврсти на петтата позиција од табелата

Објавено

на

Откакво во првата трка на Спа Франкоршамп го освои четвртото место, македонскиот возач Виктор Давидовски се пласираше на седмото место во втората трка од ТЦР Европа.

За разлика од првата, кога Микел Аскона беше казнет со три места на стартот, сега Шпанецот беше на својата стартна позиција и го потисна нашиот пилот за една позиција подолу. Дополнително, поради ротацијата на возачите од првата десетка, се создаде голема мешаница пред нив во која четири светски шампиони беа во една група од 7 до 10 место: Нестор Џиролами, Микел Аскона, Тед Бјорк и Роб Хаф. Тие имаа жестока борба меѓу себе, па возачите од ТЦР Европа кои со ротацијата добија шанса да возат на чело од колоната, беа недостижни. Победата ја однесе Џон Филипи пред Норберт Мишелис и Том Коронел.

За Виктор Давидовски нештата се искомплицираа кон крајот, кога имаше недоразбирање со тимскиот колега Фредерик Вервиш, поради што загуби неколку позиции. Во својата изјава преку социјалните мрежи тој појасни дека бил изблокиран на незгодно место на патеката.

– За втората трка ризикувавме со штелувањето на автомобилот, бидејќи првиот ден бевме погодени од подуправливост. Резултатот покажа дека сме отишле во друга крајност, каде што поради преуправливост имав голема нестабилност на заднот дел од возилото. Кон крајот на трката имавме недоразбирање со тимскиот колега Вервиш, па ме блокираше на мошне незгодна локација и поради тоа бев престигнат, но за среќа потоа успеав да му се реванширам на Баргвана. На хартија, оваа трка во Белгија и следната во Унгарија се меѓу најпроблематичните, бидејќи освен што возиме заедно со најдобрите од ТЦР Светската серија, мораме да се приспособиме на аеродинамичкиот профил на возилото. Сознанијата од оваа трка би требало да ни помогнат за подобро штелување во иднина,- напиша Давидовски.

Со бодовите за освоеното седмо место, тој сега се зацврсти на петтата позиција од табелата. Коронел е лидер со 218 поени пред Филипи со 202, додека Паувелс има 159, пред Борковиќ со 135 и Давидовски со 131 бод.

Четвртиот гран при викенд од ТЦР Европа е предвиден да се вози на патеката Хунгароринг, на 17 и 18 јуни.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PssRacingTeam (@pssracingteam)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни