Поврзете се со нас

Репрезентација

Тажна вест од Романија: Почина тренерот кој остави траен белег во македонскиот ракомет

Објавено

на

Угледните романски медиуми денеска со голема тага ја соопштија веста за смртта на Богдан Маковеј, а истата за жал ја потврди и ракометната Федерација на оваа земја.

Маковеј е ракометна легенда на Романија и таму се стекна со епитетот „Професор“ поради своите искрени совети, беспоштедна работа и посветеност кон оваа игра, но и поради фактот што израсна безброј генерации ракометари и ракометарки на кои им беше тренер, учител и добар пријател. Со вакви зборови Маковеј беше опишан од страна на реномираниот „Диги Спорт“, кој во својата објава за жалната вест го потенцираше и неговиот ракометен чин во Македонија.

Романецот беше тренер на женската македонска репрезентација и тој остави силен и траен белег во нашиот најпопуларен спорт, бидејќи ќе остане запаметен како селекторот кој го имаше најголемиот успех на македонскиот женски ракомет.

Маковеј ја водеше Македонија до седмото место на Светското првенство во Германија во 1997-ма година, а напоредно со селекторската функција, како тренер на Кометал Ѓорче Петров играше и во четвртфиналето во Лигата на шампионите.Фантастичниот ракометен работник го напушта овој свет на 67-годишна возраст, а од почит кон семејството, медиумите од Романија не ги открија причините за смртта.

– Нашиот ракометен свет е длабоко тажен од неговата смрт, бидејќи изгубивме ментор и пријател, вистински професионалец. Збогум, професоре! , гласи објавата на Федерацијата на Романија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни