Поврзете се со нас

Франција

Таткото на Мбапе проговори за иднината на ѕвездата во ПСЖ

Објавено

на

Килијан Мбапе минатиов викенд дојде до 100 погодок во дресот на Пари Сен Жермен, учинок кој го реализираше за само 137 натпревари што е навистина импревно.

Ова е само уште еден доказ за одличните квалитети што го поседува Французинот и зошто многу екипи сакаат да го донесат во своите редови. Од друга страна пак ПСЖ сака да го задржи во своите редови со нов договор и тоа го обелодени спортскиот директор, Леонардо.

-Разговараме, разговараме. Ние сакаме да разговараме, мислам дека и тој сака да разговара. Нормално е. Доаѓа време да имаме појасна идеја за неговата иднинa. Разговараме тивко, рабоите добро напредуваат, направивме чекори напред во споредба со пред 10-15 дена. Ќе продолжиме, -истакна Леонаордо.

Таткото на Килијан исто даде позитивни информации за разговорите, а запрашан за тоа дали интересот од другите клубови, поточно шпекулациите можат да му пречат на напаѓачот тој порача:

-Не може да му пречат затоа што игра во одличен тим и е опкружен со одлични играчи. Тоа му овозможува да се приближи до своите соништа и амбициите, -рече Мбапе Сениор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни