Поврзете се со нас

АТП

Таткото на Ѓоковиќ даде невкусна изјава за Федерер и откри кога ќе се пензионира Новак

Објавено

на

Срѓан Ѓоковиќ и во минатото има дадено неколку невкусни и непотребни изјави на сметка на Рожер Федерер, а во последното интервју кое го направи за „Спорт Клуб“, отиде чекор повеќе и одлучи да му даде неколку непристојни предлози на Швајцарецот за тоа што треба да прави во животот.

Изјавите на Срѓан често знаат да му донесат негативни коментари на светскиот рекет број еден, па тоа сигурно нема да изостане и овојпат бидејќи таткото на Ноле беше навистина дрзок при своето обраќање. Во ситуација кога и двајцата тенисери потенцираат дека владее максимална почит меѓу нив, изјавите како оваа на Срѓан му носат само лош публицитет на неговиот син.

– Новак е мешавина на најдобрите особини од мене и мојата сопруга. Тоа е собрано во едно, во него е најдоброто од нас, – изјавил Срѓан и потоа се осврна на ривалството со Федерер.

– Федерер е најдобар во историјата според резултатите, но тоа нема да биде така уште долго. Има голем анимозитет кон Новак. Вистина е дека преку годините развија почит меѓу себе, но што мислите, зошто тој и натаму игра тенис на 40 години? Човек од 40 години и натаму игра тенис. Наместо да оди дома да се занимава со било што друго.

– Чувај деца, занимавај се со нешто друго, оди скијај, прави било што. Тој не може да прифати што Новак и Рафа му се зад врат, не може да прифати дека ќе бидат подобри од него. Тенисот не е цел живот, Новак е моментално тенисер, нема да биде тенисер цел живот. Тенисот не е нешто посебно, Новак тоа го сфати на време. Сега се занимава и со други работи и за две три години ќе стави крај на кариерата. После тоа, ќе биде успешен исто како и во тенисот, – изјави Срѓан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни