Поврзете се со нас

Шпанија

Суарез: Ние сме во добра форма, амбициите се да…

Објавено

на

Шпанскиот фудбал треба да се врати наредниот месец, а едно од засилувањата за Барселона дефинитивно ќе биде Луис Суарез.

Напаѓачот на почетокот на оваа година имаше операција на коленото и требаше да го пропушти остатокот од оваа кампањата, но поради пандемијата со коронавирусот некои работи се променија, дојде до промена на календарот и Уругваецот сега е подготвен да му помогне на клубот во остварување на амбиците.

-Амбициите се исти, да освоиме се што можеме и мислам дека сме во добра форма тоа да го направиме, гледам на тимот одлично му оди и тоа ми дава надеж, -истака Луис кој проговори за себе.

-Многу сум среќен. Прво минав неколку денови со фитнес тренерот и потоа постепено се враќав во групата. Сега веќе неколку денови работам со групата.

-Делумно, коронавирусот ми помогна да добијам време во моето закрепнување, ќе можам да играм на натпревари на кои не бев во можност да играм. Јас сум многу среќен за тоа, но има и негативна страна со ситуацијата во која денеска многу луѓе живеат, -рече искусниот голгетер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни