Поврзете се со нас

Конференциска лига

Струга вторпат претрпе минимален пораз и остана без историски пласман во Конференциската лига

Објавено

на

Струга Трим и Лум имаше големи надежи дека ќе стане вториот македонски клуб кој се пласирал во групна фаза на едно европско натпреварување, но сепак нашиот национален шампион остана на чекор од Конференциската лига.

Стружани потклекнаа во завршниот бараж и на двата меча претрпеа минимален пораз од Бреидаблик, што прави Вардар и натаму да остане единствениот македонски клуб кој се изборил за европска зима, кога најтрофејниот колектив беше дел од Лигата на Европа.

Струга загуби на првиот меч од Бреидлабик со минимални 0:1 и за многумина ова беше негатива која може да се анулира, но работите во Исланд тргнаа многу лошо за избраниците на Шпетим Дуро.

Домашниот тим поведе по 160 секунди игра со голот на Еинарсон, а првиот дел комплетно му припадна на Бреидлабик, бидејќи Струга не испрати ниту еден удар во рамките на голот.

Македонскиот претставник се поправи во вториот дел и беше блиску до израмнување, но во самата завршница можеше да прими уште два гола и да претрпи и поубедлив пораз.

На крајот, со конечни 2:0 по двата меча, Струга остана на дофат од групната фаза во Конференциската лига, натпреварување во кое се пласираше исландскиот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни