Поврзете се со нас

Македонија

Струга ТЛ се засили со млад офанзивец од Косово

Објавено

на

Струга Трим Лум продолжи да се засилува, а најновото име кое пристигна во таборот на македонскиот прволигаш е Малсор Ајети.

Ајети е млад играч, играч кој има 20 години и ја покрива средината на теренот, односно е левокрилен офанзивец, но по потреба знае и да заигра и на двете страни во напаѓачката линија.

Тој во редовите на Струга ТЛ доаѓа од Скендербег од Албанија, а претходно има искуство со играње во Германија и Португалија во Валдорф Манхајм и Порто.

Инаку Струга по 4 кола во ПМФЛ  е на 9 место на табелата со 4 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни