Поврзете се со нас

Македонија

Струга ја реши Шкендија во Струмица, Шкупи подобар од Скопје

Објавено

на

Поради лошите услови на теренот во Тетово, Шкендија одново играше на „домашен терен“ на друг стадион, а ова попладне во Струмица беше надиграна од страна на најголемото изненадување на стартот на сезоната.

Струга Трим и Лум покажува дека не се шегува и со четвртата победа во воведните четири кола достави кандидатура за шампионска титула, пред се и поради фактот што во нападот го има искусниот Ибраими.

Бесарт денеска и пресуди на „својата“ Шкендија и не го славеше погодокот за конечни 0:2 во Струмица, натпревар кој имаше ваков тек и поради невнимателноста на Цаке.

Играчот на Шкендија доби црвен картон на крајот од првиот дел, па така Струга ја искористи големата предност во вторите 45 минути и со головите на Малески и Ибраими оствари голема победа.

Струга е лидер со 12 освоени бода, но јасно е дека ќе има сериозен конкурент во Шкупи кој победи и на вториот меч во новата сезона. Чаирчани беа ослободени две кола поради европските обврски, а денеска се вратија со нова победа над Скопје во градското дерби.

Шкупи славеше со 0:2, а победа конечно оствари и Работнички по воведните три порази. „Роматичарите“ беа подобри од Тиквеш со 2:0, а триумф оствари и Брегалница над Македонија Ѓорче Петров од 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни