Поврзете се со нас

АТП

Сторија на неделата во Мадрид: Надал загуби, но гестот кон 95-годишната баба ја обиколи цела Шпанија (Фото)

Објавено

на

Рафаел Надал загуби од Александер Зверев во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид, но легендарниот шпански тенисер оствари уште една голема победа надвор од теренот, покажувајќи елеганција, класа и понизност која не толку често знае да биде одлика за најголемите ѕвезди.

Рафа пронајде мотив да и го разубаве денот на една постара госпоѓа во моменти кога лично на професионално ниво доживеа големо разочарување од Германецот (загуби со 6:4 и 6:4), сето тоа откако се разви една убава петиција на социјалните мрежи кои во дадената ситуација ни донесоа еден убав краен резултат.

Иако во последно време има многу негативни коментари за злоупотребата на друштвените мрежи, овојпат Твитер заедницата направи навистина убава работа, бидејќи 95-годишната Мануела се запозна со својот идол пред да заборави воопшто кој е тој и што всушност „бикот од Мајорка“ значи за неа.

– Рафаел Надал, денеска мојата баба на свои 95 години ќе си го исполни сонот и ќе гледа твој меч во живо. Има почетна фаза на Алцхајмер и ми порача дека пред да заборави што значи тенис и што ти значиш за неа, сака да те гледа во живо. Се надевам дека ќе ужива овој ден онолку колку што уживам јас, – гласеше Твитот на внукот Карлос кој брзо стана вирален, а кој потоа го натера Рафа да има лична средба со Мануела по поразот.

Откако го гледаше натпреварот и го запозна Рафа во живо, нивната фотографија од блиската средба стана апсолутен хит во Шпанија, а додека внукот Карлос им се заблагодаруваше на сите што му помогнаа, Надал стана уште толку попопуларен и поценет во својата родна земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни