Поврзете се со нас

Свет

Стојановски и Гравелин Данкерк минаа уште една пречка во Купот на Франција

Објавено

на

Гравелин Данкерк на нашиот Војдан Стојановски успеа да мине уште една пречка во Купот на Франција.

„Морнарите“ од Данкер вечерва по еден драматичен меч во кој се играа и дополнителни минути славеа над второлигашот Денаин со 107-100. Македонскиот репрезентативец Стојановски беше на паркетот 22 минути за кои реализираше осум поени, три асистенции и 2 скокови.

Сега Војдан ќе може да се фокусира на репрезентативните обврски, поточно ако се биде како што треба тој од понеделник ќе им се приклучи на своите соиграчи на патот кон Талин каде ќе ги одмериме силите со Естонија и Италија во рамките на квалификациите за ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни