Поврзете се со нас

Свет

Старт на долгиот процес: Костадинов успешно опериран по тешката повреда (Фото)

Објавено

на

Тихомир Костадинов играше во извонредна форма оваа сезона и благодарение на тоа се избори за статус на стартер во македонската фудбалска репрезентација, но пред играчот за врска сега следи период на рехабилитација и големо трпение.

Популарниот Тихо се здоби со една од најтешките и најздодевните повреди во професионалниот фудбал, односно го скина предниот вкрстен лигамент на коленото и мораше да отиде под нож.

Пјаст Гливице минатата седмица потврди дека е закажана операцијата на Костадинов, а сега самиот фудбалер ја испрати првата реакција откако работите минале како што треба.

Македонецот го искористи својот Инстаграм профил и со јасна гестикулација стави до знаење дека операцијата минала во најдобар ред, по што ќе следи првата фаза од долгата рехабилитација.

Најдобрите прогнози се дека Костадинов ќе паузира шест месеци, што би значело дека најрано би се вратил на теренот во месец октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни