Поврзете се со нас

Шпанија

„Спорт“: Битката на Барселона за Арда не е загубена, но другите клубови имаат една важна предност

Објавено

на

Foto:twitter.com/Fenerbahce_EN

Барселона беше блиску до потписот на Арда Ѓулер, го испрати и Деко на директни преговори во Истанбул, но во меѓувреме ја загуби пол-позицијата и ризикува да го загуби турскиот талент во конкуренција на Реал Мадрид и уште еден клуб.

Каталонски „Спорт“ денеска излезе со информација дека раководството на Барселона е свесно за тешкотиите во реализацијата на овој трансфер, но и натаму се оптимисти дека работите може да се свртат во нивна корист.

Барса имала договор со фудбалерот и Фенербахче, но Ѓулер побарал одреден период да размисли пред да ја донесе конечната одлука, период во кој се инволвирал Реал, но и уште еден клуб за кој се верува дека е РБ Лајпциг.

„Спорт“ навестува дека Барса ја загубила битката поради фактот што Чави не можел да му даде гаранции на фудбалерот дека би бил во прв план уште следната сезона, па на Ѓулер ќе му бил понуден заем во друг клуб, или уште една сезона во Фенербахче.

РБ Лајпциг очигледно може да му понуди минутажа, а да одговори и на финансиските барања, додека Реал испратил најдобра понуда до Фенербахче и веројатно исто така му е ветено место во сениорскиот тим, иако е прашање колку минутажа може да добие таму.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни