Поврзете се со нас

Италија

Спалети прецрта ѕвезда на Интер која денеска е обвинета за расизам (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Крајот на фудбалскиот викенд означи почеток на паузата која ќе ја имаат фудбалерите од клупските обврски, но тоа не значи време за одмор, туку период во кој ќе минат време со репрезентациите.

Најпрестижните европски селекции ќе имаат прв посериозен подготвителен период за континенталниот собир кој ќе биде актуелен налето, а Италија одлучи да има американска турнеја со пријателски средби со Венецуела и Еквадор.

„Аѕурите“ ќе патуваат прекуокеански за да тестираат во мартовскиот прозорец кој го одреди ФИФА, но денеска од списокот на Лучијано Спалети отпадна Франческо Ачерби кој е обвинет за расизам.

Жуаж Жезус од Наполи обвини дека бил расистички навреден од Ачерби за време на вчерашното дерби на „Џузепе Меаца“ и Италијанците отворија истрага, по што беше заклучено дека најдобро за тимот ќе биде Ачерби да не отпатува со репрезентацијата.

Италијанската Федерација објави дека оваа одлука била донесена заедно со селекторот и самиот играч, додека Интер најави дека ќе излезе со официјален став за целата ситуација откако ќе направи интерна инспекција за целиот случај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни