Поврзете се со нас

Балкан

Соседите изгледа ја утнаа со олабавувањето: Пет фудбалери на Црвена Звезда позитивни на Ковид-19, еден од нив присутни и на…

Објавено

на

Откако светот на тенисот остана шокиран по најавата дека Григор Димитров и уште некоклу други тенисери кои учествуваа на „Адрија Тур“ имаат коронавирус, од Србија стигнуваат и други информации поврзани со опасниот вирус.

Имен, од Црвена Звезда потврдија дека пет фудбалери на клубот се позитивни на Ковид- 19, а еден од нив учествуваше и на последниот натпревар на клубот, како и на прославата на титулата.

Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ се позитивни на коронавирусот, а последниот играше 65 минути на средбата со Пролетер, а притоа беше учесник и на прославата по повод освојувањето на шампионската титула.

Јовичиќ кој нема никакви симптоми имаше близок контакт со сите свои соиграчи, како и останатите вработени во клубот, па така овој вирус сериозно може да се прошири во Црвена Звезда.

Дополнителен загрижувачки факт е тоа што на трибините имаше голем број на фанови, па ваквиот чекор на Србите би можел да доведе до уште една криза предизвикана од коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни