Поврзете се со нас

АТП

Соопштението на Белата куќа донесе супер вести за Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Новак Ѓоковиќ поради својот вакцинален статус ги пропушти турнирите на Индијан Велс и Мајами оваа сезона, па иако пред само два дена се велеше дека Американците ќе останат ригидни кон невакцинарите и во иднина, сепак сега известувањето од Белата куќа носи многу добри вести за светскиот рекет број еден.

Како што стојат работите, голготата за Србинот е пред самиот крај и за турнирите кои се играат на американско тло, односно Ѓоковиќ ќе добие зелено светло да настапи на најважниот турнир во Њујорк.

Грен слемот Ју-Ес Опен секако ќе биде голема мета на Ѓоковиќ кој ја отвори годината со успех во Мелбурн, а денеска дозна дека веќе нема потреба да стравува за своето учество на Флешинг Медоус.

– Администрацијата Бајден-Херис ќе стави крај на барањата за вакцијацијата против Ковид 19 за сите федерални вработени, произведувачи, меѓународни патници, работници во образованите и останато…., – стои во официјалното соопштение на Белата куќа.

Ју-Ес Опен оваа година ќе стартува на 28-ми август и ќе трае до 10-ти септември, а бранител на титулата ќе биде шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни