Поврзете се со нас

Англија

Солскјер со резервиран став околу иднината на Погба, потврди дека клубот преговара…

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по пријателскиот натпревар против КПР кој неговиот тим го загуби со 4:2 беше запрашан за иднината на францускиот интернационалец.

Погба во последно време се почесто се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед и трансфер во ПСЖ, а последните најави се дека ја одбил и понудата за продолжување на договорот според која би заработувал по 350.000 фунти неделна плата.

Оле имаше доста резервирана изјава со која не потврди дека Погба останува, но откри дека клубот се уште преговара со играчот за нов договор.

– Преговорите со претставниците на Пол се во тек, она што јас го чув од Пол е дека се подготвува за новата сезона. Секогаш има шпекулации за него, за плановите на неговите претставници. Навистина немам што да кажам повеќе затоа што не ги знам деталите за секој еден фудбалер.

– Пол знае што чувствуваме ние, а јас можам да кажам дека уживав во времето поминато работејќи со него, се надевам дека ќе продолжиме да работиме заедно. Кога и да бил овде, секогаш се однесувал како професионалец, секогаш е подготвен да даде се за тимот и тоа ќе биде случај ако Погба остане на една година, или можеби и повеќе. Пол е многу добар играч, -потенцираше Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни