Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Солскјер ја објасни одлуката која ги налути фановите на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед неочекувано загуби од Јанг Бојс на премиерата во Лигата на шампионите, а навивачите имаа многу причини за критики на сметка на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Раното водство преку Кристијано Роналдо не беше доволно за позитивен исход, затоа што ситуацијата на теренот се промени по црвениот картон на Ван Бисака.

Солскјер ги уфрли во игра дефанзивците Варан и Далот, а во 72. минута ги повлече Роналдо и Фернандеш, што беше уште еден потег кој предизвика дебата.

– Ги извадив затоа што помина 70. минута, а двајцата претрчаа многу и денеска и во саботата.

– Дополнително и вештачката трева си го зема својот данок, па ни беше потребно искуството на Матиќ да застане на топка и свежите нозе на Лингард, – изјавил Солскјер, кој немаше многу среќа со замените затоа што Лингард беше главен виновник за вториот гол на швајцарскиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни