Поврзете се со нас

Англија

Солскјер даде оценка за дебито на Кавани на „Олд Трафорд“

Објавено

на

Манчестер Јунајтед и Челси разочараа во големото англиско дерби кога се головите во прашање, бидејќи пресметката на „Олд Трафорд“ заврши со најнепопуларните 0:0.

Домашниот тим имаше повеќе од играта и покажа поголема желба за постигнување гол, но сепак не успеа да го совлада фантастичниот Менди кој во неколку наврати бравурозно реагираше. Новиот чувар на мрежата на Лампард го одржа Челси во игра и му овозможи да освои голем бод на театарот на соништата, и тоа на натпреварот во кој Единсон Кавани го имаше своето деби како играч на Јунајтед.

Искусниот уругвајски напаѓач влезе во игра во 58-та минута и со својот прв контакт со топката за малку ќе го совладаше Менди, кога со шмекерски потег во манир на врвен голгетер ја допре топката, која за среќа на голманот на Челси мина крај дирекот.

Во продолжение, Кавани се избори за уште една одлична шанса по интелигентното движење во шеснаесетникот, но по точното додавање од Гринвуд, беше изблокиран од страна на својот поранешен соиграч во ПСЖ, Тијаго Силва. Кавани со неколку потези покажа дека може да биде огромен плус во противничкиот шеснаесетник за „ѓаволите“, па Солскјер немаше проблем навистина да извлече позитивни заклучоци од неговото деби за тимот.

– Сите знаеме и знаевме дека долго немаше играно фудбал, но само што влезе во игра, имаше убаво истрчување и мал допир за малку не постигна гол во напаѓачки стил. Ни покажа дека е присутен во шеснаесетникот, потоа беше изблокиран и од страна на Силва.

– Стартот е одличен за него, ќе ни даде многу во продолжение. Влезе во игра, имаше одлично влијание на теренот, а веќе тоа го презентираше и на тренинзите. И самиот знае дека ќе му биде потребно време за да влезе во посакуваната форма, но демонстрираше паметни движења, интелигентни истрчувања и искуство. Што повеќе му ја додаваме топката во шеснаесетникот, толку повеќе голови ќе добиеме од него. Со него добиваме нешто друго, тој е порзличен од сите останати напаѓачи кои ги имаме во тимот, – изјави Оле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни