Поврзете се со нас

Свет

Соиграч на Лазаров ја избра српската пред француската репрезентација

Објавено

на

Ракометарот на Нант, Драган Пешмалбек донел решение во иднина наместо за француската, да настапува за српската репрезентација.

25-годишниот пикер има српско потекло по својата мајка која е родена во Србија, а последен пат го носел дресот на француската репрезентација во 2018 година.

Пешмалбек ги информирал селекторот Жил и раководството на Француската федерација за својата одлука, а Србите добија уште едно засилување откако претходно добија ист вид потврда и од ракометарот на Тулуз, Урош Борзош.

– Минатите недели многу размислував на оваа тема, не беше лесно да се донесе конечната одлука, но на крајот ја избрав Србија и горд сум што ќе настапувам за земјата на мојата мајка Снежана.

– Мојата мајка исто така била ракометарка, живеела во Ваљево, а животниот пат ја довел во Франција. Го учам српскиот јазик, граматиката ќе ми биде мал проблем, но најважно е што ќе разбирам што ќе зборуваат другите, – изјавил Пешмалбек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни