Поврзете се со нас

Свет

Слукас се враќа во тимот во кој освои две титули во Евролигата

Објавено

на

Костас Слукас е новото значајно име кое си заминува од таборот на Фенербахче кој претходно остана без тренерот Жељко Обрадовиќ како и Луиџи Датоме, Никола Калиниќ, Дерик Вилијамс, Жофри Ловерњ и Малком Томас.

Грчкиот плејмејкер по пет минати години во Турција одлучи да се врати во својата татковина, во клубот во кој освои две титули во Евролигата-составот на Олимпијакос. Слукас се согласи на тригодишен договор, а во Олимпијакос ќе може да соработува со стари познаници како тренерот Барцокас, но и ветераните Спанулис и Принтезис.

Минатава кампања Костас ја заврши со просек од 11,6 поени, 6,1 асистенции и 2,9 скокови по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни