Поврзете се со нас

Англија

Сколс знае колку засилувања му се потребни на Јунајтед за да го предизвика Ливерпул за трката за титулата во ПЛ

Објавено

на

Англиската фудбалска легенда, Пол Сколс смета дека Манчестер Јунајтед не е толку далеку и може во брзо време да го предизвика Ливерпул во трката за титулата во Премиерлигата.

„Црвените“ по пауза од три децении се искачија на врвот во ПЛ, а во моментов по 32 одиграни кола имаат освоено дури 34 бодови повеќе од вечниот ривал од „Олд Трафорд“. Меѓутоа според Сколс ова може да се „избрши“ веќе во следната кампања ако Оле Гунар Солскјер донесе две-три засилувања.

-Има разлика која треба да се намали, нема никаков сомнеж околу тоа. Разликата во поени е смешна и квалитетот на Ман. Сити очигледно е таму за да сите го видат. Јас навистина не мислам дека се оддалечени милион милји. Знам дека разговаравме за четири или пет играчи, но мислам дека сега се двајца или тројца.

-Мислам дека е потребен центарфор, голгетер од светска класа и стопер кој ќе игра покрај Мејваер. Видете, јас мислам дека Линделоф добро си ја врши работата, ама Хари не е доволно брз на моменти. Ако ставите доминантен централен дефанзивец до него како Фердинанд или Стам кој ги малтретираше напаѓачите, мислам дека тоа ќе биде од голема помош за тимот, -истакна Сколс за „Би-Би-Си“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни