Поврзете се со нас

Англија

Сколс објасни зошто Челси нема да ја освои Премиер лигата

Објавено

на

Славниот англиски фудбалер, Пол Сколс не е убеден и не верува дека Челси сезонава може да дојде до пехарот во Премиер лигата.

„Сините“ минатата кампања станаа европски шампиони, а во летниот преоден рок го доведоа Ромелу Лукаку што за многумина беше сигнал дека Челси е зрел да ја нападне титулата во домашниот шампионат во актуелнава натпреварувачка 2021/2022. Сколс смета дека клубот од Лондон има еден голем проблем-тоа е недостатокот на голови.

-Мислам дека Челси има менаџер со кој може да биде предизвикувач за титулата.Ама не сум убеден дека има доволно голови во таа екипа. Мислам дека Лукаку ќе дава голови, ама дали има доволно играчи околу него да постигнуваат погодоци. Не сум сигурен за Вернер, кога игра за Германија редовно тоа го прави, ама за Челси пропушта многу шанси.

-Исто така според мене Челси не е одличен дефанзивно. Ридигер беше многу добар, ама освен тоа Силва има 36 години и нема да игра на секој меч. Кристенсен е млад играч. Во средината на теренот, Челси е во ред. Но, не сум сигурен дека ќе постигне доволно голови и дефанзивно ќе биде доволно добар, -смета легендата на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни