Поврзете се со нас

Англија

Сити подготвува 100 милиони евра за долгогодишната желба на Гвардиола

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити одби да навлегува во наддавање за Деклан Рајс и се повлече од трката за потписот на англискиот репрезентативец, кој сега го делат детали од голем трансфер во Арсенал.

Сити не сакаше да ја подобри понудата вредна 100 милиони евра и брзо се откажа од ѕвездата на Вест Хем, но како што јавуваат медиумите од Англија, истите средства остануваат на располагање за трошење и клубот планира да ги инвестира во ѕвезда на Барселона.

„Граѓаните“ успеаја да го донесат Матео Ковачиќ од Челси само два дена по заминувањето на Гундоган, но водечките директори на европскиот шампион се подготвени да му исполнат и една долгогодишна желба на Пеп Гвардиола.

Таблоидот „Сан“ пренесува дека Сити има дадено зеленот светло за испраќање официјална понуда до Френки Де Јонг, фудбалер кој Гвардиола го сакаше во своите редови уште во 2019-та година кога беше дел од Ајакс.

Де Јонг беше на трансфер пазарот и минатото лето, но тогаш тој одби да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, па сега останува да видиме дали би прифатил понуда од синиот дел од истиот град, бидејќи претпоставките велат дека Барселона секако би прифатила сума од 100 милиони евра за својот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни