Поврзете се со нас

Свет

Симеоне знае кој е најдобар на светот: Што треба повеќе да освои?

Објавено

на

foto: twitter.com/Atleti

Дебатите за тоа кој е најдобар играч на светот или кој е најдобар ас на сите времиња никогаш нема да завршат и секогаш ќе има што да се каже на оваа тема, да се слушнат различни мислења, ставови, аргументи…

Секогаш е важно кога за ова зборуваат имиња кои имале значајни кариери, се прославиле на терените, оставиле белег на најголемата сцена низ годините, а таков дефинитивно е Диего Симеоне.

Симеоне имаше добра играчка кариера за да сега и како тренер бележи успеси, негува свој стил кој му има донесено пехари со Атлетико Мадрид. За популарниот Чоло нема дилема кој е број еден, тоа е неговито сонародник Лионел Меси.

-Меси, тој стана светски шампион. Што треба повеќе да освои за да продолжи да биде најдобар во светот, -порача предводникот на „душекџиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни