Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне го погоди „џокерот“, милиметри му донесоа голема победа на Атлетико во финишот (Видео)

Објавено

на

Валјадолид одигра исклучително дисциплинирано и трпеливо на гостувањето на „Ванда Метрополитано“, а во моментите кога се чинеше дека гостите од „Пуцелја“ се блиску до освојување на голем бод, следеше спротивното, односно голема победа на фаворизираниот Атлетико Мадрид.

„Душекџиите“ освоија огромни три бода во битката за место во Лигата на шампионите, правејќи ја убедливата победа на гостувањето кај Осасуна од пред неколку дена уште повредна.

Со оглед прикажаното на теренот, може да се каже дека гостите заслужија барем бод, но така не мислеше и резервистот на Чоло Симеоне, некогашниот шпански репрезентативец Витоло.

Тренерот на Атлетико го погоди „џокерот“ како и повеќе пати во минатотот, но овојпат пресудни беа милиметри, бидејќи крилниот напаѓач постигна погодок кој беше признат по прегледувањето на ВАР снимката.

Ударот со глава на Витоло беше расчистен на гол линијата од страна на дефанзивецот на Валјадолид, но снимката покажа дека топката е влезена со цел обем во голот, по што Атлетико поведе со 1:0 во 81-та минута и до крајот не го испушти водството.

Со новиот триумф, Атлетико изби на третото место на табелата, односно има ист број на освоени бодови со Севилја (52).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни