Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сидорф за Анчелоти: Карлето секогаш е…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти успеа да ја добие битката со Пеп Гвардиола или поточно неговиот Реал Мадрид избори пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Италијанскиот стратег пронајде начин за да дојде до посакуваниот резултат и тоа ќе се памети особено ако на „кралевите“ стигнат и до самиот крај и ја освојат титулата.

Кларенс Сидорф добро го познава Анчелоти, стратег за кого Холанѓанецот има само пофални зборови.

-Ми се допаѓа спокојството што тој го пренесува. Дури и начинот на кој тој славеше и зборуваше со Гвардиола [на крајот на натпреварот] беше секогаш елегантен и почитуван. Карлето е секогаш одличен, -истакна Сидорф кој говореше и за пенал сериојата.

-Изведов неколку удари од пенали во кариерата и промашив многу. Има многу фактори, но мислам дека садовербата е секогаш клучна, -вели легендата кој смета дека домашниот терен и не е предност.

-Особено кога е поволен момент, има психолошки аспекти. На пример, не сакате да ги разочарате навивачите, -подвлече Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни