Поврзете се со нас

АТП

Си го исполни детскиот сон, но Алкарас призна дека има уште една голема неостварена желба

Објавено

на

Карлос Алкарас е не ѕвездено небо и стана најмлад светски рекет број еден во историјата на тенисот, откако стигна до врвот на АТП листата со големото славје во Њујорк.

Младиот 19-годишен Шпанец го победи Каспер Руд во големото финале на Ју-Ес Опен и ја освои својата прва грен слем титула, која сите најавуваат дека треба да биде старт на една голема доминација во светскиот тенис.

Алкарас брзо прерасна во главна ѕвезда во Шпанија по најголемиот успех, а новинарите го прашаа која е неговата неостварена желба, откако си го оствари детскиот сон и стана светски рекет број еден.

– Моја голема желба е да играм против Федерер. Не знам дали ќе се случи тоа и ќе добијам шанса за такво. Ќе ми биде многу мило ако заиграм против Федерер.

– Исто така, ќе ми биде голема чест да победам еден од него, Надал или Новак на грен слем, на големата сцена. За да бидеш најдобар, мора да ги победиш најдобрите, отсекогаш сум го велел тоа и така гледам на работите, – вели Алкарас во интервјуто за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни