Македонија
Шундовски и Јовиќ најавија титула во Битола: Да ја вратиме двојната титула во најракометниот град

Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ со помош на новиот стручен тим-менаџер, Ѕвонко Шундовски ја започнаа својата авантура во битолскиот клуб.
И двајцата ќе се обидат да ја поправат атмосферата во тимот кој годинава не ги бележеше посакуваните резултати под водство на данскиот стратег, Ларс Валтер кој неодамна доби отказ.
И Шундовски и Јовиќ се убедени дека Пелистер има квалитет по долги години да ја врати титулата во Битола.
– Јас сум тука да го поддржам битолкскиот ракомет најпрво, но и да му помогнам на Александар. Тука сме сите заедно да ја донесеме титулата во Битола. Многу од играчите доаѓаат од различни држави и можеби не разбираат на кој начин треба да ја вратиме титулата која ја нема долго време во Битола. Јас го следам клубот цело време, ги знам сите играчи и мислам дека се многу добри, но фали нешто, има некој мал проблем, за кој сме дојдени да го пронајдеме и решиме. Но и Вие, играчите, треба да помогнете да ја вратиме двојната титула во најракометниот град. Знаеме дека имаме малку време, ќе направиме што можеме да успееме во целите до крајот на сезоната, изјави Шундовски на првиот собир во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ пак упати благодарност за довербата од стручниот штаб кој го прекомандува од тренер во вториот тим на клубот во тренер на првата екипа.
– Прво сакам да се заблагодарам за довербата која нам ни е укажана во овој сензитивен момент за клубот. Сакам да упатам благодарност за Шундовски што ја прифати понудата од управата да биде дел од нас. Со неговото огромно искуство ќе ни помогне мене и на Зарков во работата и ќе ни помогне да ги оствариме зацртаните цели во оваа сезона. Мислам дека имаме одличен тим, сите се одлични играчи како поединци, имаме време и со позитивна мисла, вредна работа и правилно насочување од наша страна да исполниме што зацртавме. Имаме уште најмногу три месеци до крајот на сезоната и би ги замолил сите да се фокусираме максимално на индивудуален и колективен план.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон