Поврзете се со нас

Формула 1

Шумахер ја испрати првата порака по страшниот судир во Џеда (ФОТО)

Објавено

на

Мик Шумахер имаше страшен судир на денешните квалификации за трката во Саудиска Арабија, па утре нема да учествува во борбата за бодови на патеката во Џеда.

Шумахер имаше страшен судир во Џеда, Хас со први информации за инцидентот (Видео)

Германецот ја загуби контролата на болидот во втората квалификациска сесија, па мораше со хеликоптер да биде префрлен во болница за да се направат детални медицински прегледи. Позитивно е тоа што Шумахер е во ред и најдобар доказ за тоа е јасната порака која ја испрати преку социјалните мрежи.

Хас потврди дека Шумахер нема да вози на утрешната трка во Саудиска Арабија

-Здраво на сите, само сакам да ви кажам дека сум во ред. Ви благодарам на убавите пораки, -напиша Мик кој вториот дел од порака му го посвети на својот тим

-Болидот беше одличен, ќе се вратиме посилни, -порача синот на легендарниот Михаел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни