Поврзете се со нас

Формула 1

Шумахер го преполови својот болид во Монако, Ред Бул го искористи подарокот од Ферари (Видео)

Објавено

на

Трката за Големата награда на Монако започна со задоцнување поради лошите временски услови, а влажните услови на патеката донесоа драма во продолжение и своевидно двоумење кај тимовите.

Ферари се чинеше дека има се на своја страна за да оствари еден-два победа со Леклер и Саинц, но за време на втората промена на гумите, направија огромна конфузија и ги повикаа двата возачи во бокс истовремено, по што му приредија огромен подарок на Ред Бул.

Од ова максимално профитираа Серхио Перез и Макс Ферстапен, а најголем губитник беше Шарл Леклер кој од првото падна на четвртото место. Возачот на Ферари збесна поради разочарувањето кое му ги приредија одговорните лица во тимот и одново мораше да се помири со лош расплет на домашната трка, бидејќи до крајот беше јасно дека ќе нема простор за престигнување на улиците во Монте Карло.

Инаку, трката не го дочека својот крај на 77-от круг и на крајот беше лимитирана со 36-минутно завршување, бидејќи во 30-от круг од трката имаше голем прекин и црвено знаме поради страшниот удар на Мик Шумахер.

Наследникот на легендарниот Михаел ја загуби контролата над својот Хас болид и го преполови истиот откако се заби во оградата, а најдобра вест беше тоа што стана на свои нозе и ја напушти патеката. После ова следеше подолг прекин, но по рестартот, позициите не се менуваа и Серхио Перез стигна до голема победа пред Саинц, Макс Ферстпанен го комплетираше пиедесталот, додека Леклер заврши само четврти на патеката на која доминираше цел викенд. Џорџ Расел и Ландо Норис завршија петти и шести, Алонсо заврши пред Хамилтон, а во првите десет се најдоа уште Ботас и Фетел.

Со ваквиот расплет, Макс ја зголеми предноста во генералниот пласман и има 9 бода повеќе од Леклер (125 наспроти 116), но во шампионската трка се вклучува и Перез со 110 бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни