Поврзете се со нас

Мото ГП

Шпанецот освои први бодови: Маркез се расплака откако ја заврши трката во Португалија (Видео)

Објавено

на

Марк Маркез ја извозе првата трката во Мото ГП шампионатот по пауза од цели девет месеци, или поточно, по направени три тешки операции на неговата десна рака која ја доведе во прашање и неговата кариера.

Осумкратниот светски првак денеска се качи на својата сакана Хонда и беше очигледно дека страда на трката за Големата награда на Португалија, но и покрај потешкотиите кои ги имаше, Шпанецот собра сили за да издржи и на крајот заврши на коректно седмо место по долгата пауза.

Победник на денешната трка беше Фабио Квартараро од редовите на Јамаха, но секако за медиумите во прв план се најде повратникот Марк кој не можеше да ги сокрие емоциите по враќањето во „кралската класа“.

Откако доби аплауз од целиот свој тим по враќањето во боксот, Маркез емотивно се распрсна и се расплака по соблекувањето на кацигата, а беше крајно емотивен и го прекина интервјуто кое го направи за „ДАЗН“.

– Јас сум личност која сака да ги задржи емоциите во себе и не сакам многу да се искажувам, но кога влегов во боксот едноставно се срушив. Беше навситина тешко. Ве молам, ќе земам две минути и ќе продолжиме, – изјави расплаканиот Маркез.

– Денеска добив одговор на многу прашања, не знаев како ќе се однесувам. Јас сум човек и сето ова влијаеше на мене. Завршив 13 секунди зад првиот, до средина на трката го гледав вториот во поредокот и ова е подобро од тоа што го очекував. Повторно се почувствував возач во Мото ГП и тоа е најважно. Небитно е местото кое го освоив, најважно е дека се вратив, – порача Марк во продолжение.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни