Поврзете се со нас

Европски купови

Шортс „испука“ дабл-дабл, Париз ја забележа најубедливата победа во неговата историја (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/cesaremilanti

Париз на македонскиот репрезентаитвец, Ти-Џеј Шортс на перфектен начин ја заокружи групната фаза во Еврокупот.

Францускиот тим го уништи тимот на Цедевита Олимпија со 53 разлика (119:66), односно испиша нова страница затоа што ова е најубедливата победа во историјата на клубот. Домаќините во три од четирите четвртини постигнаа 30+ поени и со тоа ги разбија составот од Љубљана.

Хифи и Ворд со по 20 поени беа најефикасни, плејмејкерот Шортс пак забележа дабл-дабл од 11 поени и 12 асистенции, плус зад своето име додаде 5 скока и 1 украдена топка.

Ти-Џеј и компанија забележаа 17 победи на 18 натпревари и го освоија првото место во групата А, поточно обезбедија пласман во четвртфиналето на Еврокупот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни