Поврзете се со нас

Македонија

Шокоски се договори со Прилеп

Објавено

на

Екипата на Прилеп се договори со 22-годишниот бек Давод Шокоски.

Ова значи дека Шокоски се враќа во матичниот клуб и тоа откако минатава сезона ја мина во Скопје, прво играше за Бутел за да потоа биде позајмен во Металург 2.

Со ова новиот македонски прволигаш продолжи да ја составува екипата за следната кампања, па така досега освен Шокоски и Горан Кузмановски кој ќе ја има улогата на тренер-играч, нови имиња се грузиските интернационалци Зураб Цинцадѕе и Реваз Чантурија, кружниот напаѓач Сашко Манчески, додека пак нови договори добија крилата Христи Бикоски и Алија Амзоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни