Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи се засили со двајца сенегалски интернационалци

Објавено

на

Тимот на Шкупи промовираше уште две нови засилување кои доаѓаат од Африка, поточно од Сенегал.

Клубот од скопски Чаир ја информираше јавноста дека Алберт Бугазели – Бебето и Фаустин Сенгор потпишале двегодишни договори со опција соработката да може да биде продолжена за уште две години. Сенегалците изминатиов период беа на проба и со своите партии го убедија Шкупи да ги ангажира во своите редови.

Бебето игра на крилната позиција, додека пак Сенгор е дефанзивен играч за врска. Првиот има одиграно и два натпревари за Сенегал, а пак вториот знае како е да се игра на Балканот затоа што беше дел од Челик од Зеница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни