Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шкупи рутински ја доработи задачата во Скопје и закажа двомеч со Левски

Објавено

на

Foto:instagram.com/fc_hegelmann

Шкупи го започна натпреварот против Хегелман со убедлива предност од 5:0 по првиот натпревар кој се одигра во Литванија, па македонскиот претставник се реши рутински да го завери пласманот во следното квалификациско коло во Конференциската лига.

Тимот од Чаир испука „петарда“ пред една недела, но денеска не беше баш расположен за полнење на противничката мрежа, иако имаше целосна иницијатива и контрола на случувањата на теренот.

Гостите од Литванија го одржаа почетниот резултат 0:0 и избегнаа втор пораз од Шкупи, па на тој начин малку подостојно го завршија своето кратко европско патување.

Од друга страна, Шкупи вечерва повеќе со мислите беше на тоа што ќе следи, односно двомечот со бугарскиот фудбалски великан во второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Шкупи ќе одигра два натпревари со Левски, од кои првиот се игра наредниот четврток во Скопје, а реваншот на 3-ти август во Софија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни