Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи не верува во корона тестовите на „Систина“, но не одбива тестирање на играчите

Објавено

на

Ова претпладне беа направени КОВИД 19 тестови врз сите играчи од првиот тим на Вардар, но иако беше предвидено на истиот протокол да подлегнат и играчите на Шкупи, клубот од Чаир во последен момент ја откажа процедурата.

Синдикатот на фудбалери на Македонија објави дека чаирчани нема да ги направат планираните тестови кои се задолжителни пред продолжување на сезоната, по што со официјално соопштение излезе и клубот.

Тие појаснуваат дека не прифатиле да се тестираат во приватна болница.

– Ние како клуб не прифативме да ги направиме тестовите во болницата „Аџибадем Систина“, тие тестови не се прифатени од релевантните институции во државата.

Иако „чаршијата“ плете свои приказни зошто ФК Шкупи не сака фудбалерите да бидат тестирани, чаирчани тврдат дека желба постои.

– Неколку дена бараме да ни бидат обезбедени тестирања од Државната болница и чекаме датум за да ги извршиме планираните тестови.

– Затоа, ги демантираме новостите кои се објавија на порталите дека Шкупи одбива да направи тестови за КОВИД 19, ние само не прифативме да ги направиме во споменатата болница, – стои во појаснувањето на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни