Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шкупи ја одбрани предноста во Приштина и закажа двомеч со Санта Клара

Објавено

на

Шкупи е тимот кој ја одбрани честа на македонските клубови во првото квалификациско коло во Конференциската лига, бидејќи по елиминациите на Струга и Силекс ова попладне, составот на Гоце Седлоски успеа да ја материјализира и одржи предноста од првиот натпревар во Скопје.

Тимот од Чаир го победи Лапи со 2:0 на домашен терен, а денеска одолеа на гостувањето во Косово и успеа да се пласира во втората квалификациска рунда во новото натпреварување на УЕФА, од кое дел ќе биде и Шкендија која испадна од квалификациите во Лигата на шампионите.

Лапи отвори максимално офанзивно вечерва на домашниот терен во Приштина и созаде неколку шанси да го отвори резултатот, но Седлоски добро го постави својот тим кој откако го издржа почетниот притисок, имаше одлична шанса преку Маркоски.

Одолевањето во првото полувреме беше клучно за позитивен епилог за чаирчани, кои на крајот лесно може да дојдат и до втора победа во дуелите со Лапи, нешто што не се случи само поради опуштањето во завршницата.

Лапи остана со играч помалку поради исклучувањето на Емини, набрзо после тоа Адем погоди за 0:1 во 78-та минута, додека почесниот гол за Лапи во двата натпревари го постигна Фазлиу во 84-та минута. Со вкупен резултат од 3:1, Шкупи се пласираше во втората рунда и ќе ги одмери силите со португалската Санта Клара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни