Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија ја засили одбраната со Велија

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Шкендија денеска објави дека добива засилување во одбраната за новата натпреварувачка сезона, и тоа во искусниот 28-годишен фудбалер кој досега настапуваше за Лачи.

Дефанзивецот Башким Левија беше потврден како летно засилување од страна на тетовските „црвено-црни“, кои во официјалната објава откриваат дека ставил потпис на двегодишен договор.

Велија игра на десната страна како бек, а последно настапувал во албанското фудбалско првенство.

– Навистина сум среќен што станувам дел од Шкендија. Имав долгогодишна желба да заиграм за овој тим и мило ми е што доаѓам кога Шкендија гради силна екипа.

– Се надевам дека прво ќе имаме успешни настапи на меѓународна сцена, а потоа и во домашното првенство. Благодарност до клубот за довербата, тука сум да го дадам максимумот, – вели Велија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни