Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шкендија и Шкупи ги дознаа можните ривали за третото коло во Конференциската лига

Објавено

на

Македонските клубови Шкендија и Шкупи ги дознаа ривалите со кои ќе можат да се соочат во рамките на третото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Составот на Шкендија кој по испаѓањето од ЛШ ќе добие шанса во ова натпреварување, прво ќе се соочи со Рига и ако излезе како победник тогаш оди на соочување со Фолгоре од Сан Марино и Хибернианс од Малта што дефинитивни ги става „црвено-црните“ во позиција да се надеваат на долго европско лето.

Од друга страна пак Шкупи ако во втората рунда направи сензација и ја елиминира Санта Клара од Португалига тогаш во третата рунда ќе излезе на мегдан со подобриот од словенечка Олимпија Љубљана и Биркиркара од Малта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни