Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија го потврди ангажманот на Шаќири: Артим прво ќе биде тренер, па спортски директор

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Шкендија официјално го потврди ангажманот на нашата фудбалска легенда Артим Шаќири.

Ова за Шаќири ќе биде кам-бек во клубот во кој своевремено настапуваше како играч, а потоа и го водеше истиот во натпреварувачката 2012/2013. Поранешниот македонски репрезентативец сега ќе биде спортски директор со тоа што оваа функција ќе почне да ја врши по крајот на кампањата, односно во меѓувреме ќе ја пополни дупката која настана со заминувањето на Бруно Акраповиќ.

Акраповиќ заработи отказ од „црвено-црните“ и до крајот на сезона Шаќири ќе го предводи тимот. Негови помошници ќе бидат Бурхан Емурлаи, Метин Далип и Куштрим Абдулахи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни