Поврзете се со нас

Италија

Шампионот во акција: Милан пронајде дефанзивно засилување во Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот шампион Милан се уште нема завршено со шопингот во овој преоден рок и една од целите е да се донесе ново име во дефанзивната линија.

„Росонерите“ долго време се мачат за да затворат зделка кога е во прашање одбраната, меѓутоа времето минува, се поблиску сме до крајот на трансфер пазарот и затоа клубот предводен од легендарниот Паоло Малдини ќе се обиде да комплетира една операција.

Според „Билд“ клубот од Милано веќе има јасна цел и тоа е Еван Ндика од Ајнтрахт Франкфурт кој веќе влезе во последната година од договорот со актуелниот шампион на ЛЕ. Малдини веќе разговарал со Французинот и наводно веќе го убедил играчот да се пресели во „црвено-црниот“ табор, па сега останува да се види дали понудата вредна 15 милиони евра ќе биде доволна за бундеслигашот да даде зелено светло за заокружување на оваа зделка.

Еван има 22 години и дополнително може да напредува со тоа што во моментов тој е веќе еден од најдобрите, најклучните играчи на Ајнтрахт Франкфурт и најдобар доказ за тоа е што во минатата сезона настапи на 44 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни