Поврзете се со нас

Свет

Сестрата на Роналдо испрати тешки зборови кон Португалците кои го критикуваат Кристијано (Фото)

Објавено

на

Кристијано Роналдо имаше најмалку три добри шанси на натпрерварот со Шпанија и не успеа да реализира ниту една од нив, што беше доволно добар повод за големи критики од фудбалските фанови од Португалија, кои добар дел сметаат дека капитенот во ниту еден случај не треба да биде стартер на Светското првенство.

Роналдо не е во натпреварувачки ритам и тоа се рефлектира со неговите прескромни изданија во последно време, но жестоките критики од фановите на Португалија најмногу ја погодија личноста која редовно го брани Кристијано, а тоа е неговата сестра, Катија Авеиро.

Најверниот бранител на Роналдо испрати навредливи зборови преку социјалните мрежи до Португалците кои го плукаат нејзиниот брат, што е последна нејзина епизода од многуте кога ги штитите интересите на Кристијано.

– Тој има семејство и луѓе кои го сакаат, тие секогаш ќе бидат крај него. Во овие времиња, веќе ништо не ме изненадува. Португалците плукаат на чинијата од која јадат, отсекогаш било така. Ги боли тоа што некој кој почнал од ништо, го менува менталитетот.

– Потребно е да му се даде рака на оној кој дал се за Португалија. Но, Португалците се болни, ситни, бездушни, глупави и засекогаш неблагодарни. Овој што го гледате на сликата, тој е на колена….. Нема кој да му подаде рака…., – порачува Катија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни