НБА
Селтикси веруваат во чудо: Бостон врза втора победа против Мајами (Видео)

Бостон Селтикс победија на петтиот натпревар во серијата со Мајами и врзаа втор триумф во низа во оваа финалната серија на Истокот, прва на домашен терен во „Ти-Ди Гарден“.
Тимот кој сите го отпишаа по предноста од 3:0 за „жешките“ очигледно го нема кажано завршниот збор, па со втората победа во низа продолжи да верува во чудото кое го нема режирано ниту еден тим во НБА историјата.
Имено, дури во 150 наврати еден тим имал предност од 3:0 во една серија, а истата ниту еднаш не била испуштена и во следната фаза завршувал тимот кој имал убедлива позитива.
Бостон намали на 3:1 на последното гостување кое го имаше во Мајами и тогаш многумина мислеа дека тоа беше само избегнување на „метла“, но Селтикси беа агресивни и извонредни и рано утрово и на домашен терен дојдоа до 3:2.
Навивачите во „Ти-Ди Гарден“ се израдуваа на победа од 110:97, а клучен фактор за тоа беше добрата тимска игра во која дури четири играчи постигнаа над 20 поени. Вајт уфрли 24, Смарт 23, Браун 21 и Тејтум исто така 21.
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 12 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 15 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 11 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 9 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 16 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 7 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)